-->
-->
АБА лига: МЗТ Скопје беше на чекор до триумф над Партизан
-->

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром синоќа не успеа да стигне до победата во дуелот со белградски Партизан во рамките на 3.коло од АБА лигата, иако во најголемиот дел од средбата беше во водство. Ова за екипата на Партизан е прва победа во новата сезона – 72:69 (23:25; 15:24; 17:12; 17:8).
На полувреме МЗТ Скопје водеше со 49:38, а во 23.минута го имаше и највисокото водство (54:41) од 13 поени разлика. Повеќекратниот шампион на АБА лигата, Партизан во водство дојде повторно во 38.минута (69:68). Во завршницата „црно-белите“ беа посмирени и решавачките поени ги постигна поранешниот играч на МЗТ Скопје, Александар Цветковиќ за конечни 72:69.
Вања Маринковиќ со 16 поени беше најефикасен, додека кај МЗТ Скопје Дамјан Стојановски постигна 14.
Македонскиот репрезентативец Андреј Магдевски, кој беше стартер кај Партизан постигна 2 поена и имаше 2 блокади.
На другите натпревари од 3.коло синоќа беа постигнати следниве резултати: Задар – Црвена Звезда 49:56, Цедевита – Цибона 83:65, Тајфун – Крка 74:51.
Денеска се играат натпреварите: Металац – Игокеа, Олимпија – Сутјеска, Будуќност – Мега Лекс.
Табела: Цедевита 3-0 (победи-порази), Црвена Звезда 3-0, Тајфун 2-1, МЗТ Скопје Аеродром 1-2, Задар 1-2, Партизан 1-2, Цибона 1-2, Крка 1-2, Мега Лекс 1-1, Олимпија 1-1, Игокеа 1-1, Будуќност 1-1, Металац 1-1, Сутјеска 0-2.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Во Врање е уапсен Саит Саитов кој смртно прегази жена во Капиштец
-

Бројот на странските туристи лани зголемен за 10,3 отсто
-

Ф1: Норис најбрз на тестирањата во Бахреин
-

ЗОИ2026: Штолц најбрз на 1.000 метри брзо лизгање со олимписки рекорд
-

Реал, како последен, се повлече од Суперлигата
-

ССМ напладне ќе ги блокира работодавачите, бара зголемување на платите
-

Новиот член на Судскиот Совет Садула Изаири ќе даде свечена изјава
-

Мисајловски на состанок на министри за одбрана на НАТО во Брисел
