АА: Ќе продолжиме да работиме за потполното остварување и недискриминирачки закон за државјанство
Премиерот Ковачевски, намерно или пак несакајќи, потврди дека нашата битка за ставање крај на проблемот со државјанството е праведна и неопходна.
Агенцијата за национална безбедност на сосема арбитрарен начин и во спротивност со законот, ги има блокирано повеќе од 20 000 граѓани во реализацијата на нивното елементарно право за државјанство, од кое зависат многу други човекови права како што се образованието, работата и здравството. Еден Господ знае уште колку други илјадници граѓани во текот на минатите години се имаат откажано од нивното право, соочувајќи се со опструкции и прегазување на нивните права од страна на државната администрација.
Ние ќе продолжиме секој ден да работиме за потполното остварување и недискриминирачки закон за државјанство и правна држава во којашто не смее ниту еден граѓанин да биде арбитрарно лишен од елементарното право коешто му следува со закон. Тие што безобразно лажеа, манипулираа со бројки и се одговорни за секојдневните опструкции кон граѓаните без државјанство, нека ги покрие нивниот срам!
Алијанса за Албанците
Ново на Сител
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, екс амбасадор во Бугарија
-

Акција за почисто Скопје во полн ек
-

Николовски тврди дека се загрозени 128 милиони евра од ИПАРД, Трипуновски тврди дека не се
-

Нема напредок во работата на комисијата со Бугарија - учебниците по историја за петто и шесто одделение на увид
-

Вештачката интелигенција нема да ги замени лекарите, туку ќе им помага
-

Во Штип прв центар за рана рехабилитација на деца со попречености
-

Саем за храна под мотото „Вкуси ја традицијата преку домашна здрава храна“
-

Се поскапо седнувањето во ресторани
