-->
-->
87 годишен скопјанец си го убил синот во Аеродром
-->
87 скопјанец вчера го убил својот 59-годишен син, во скопската населба Аеродром, пишува „Фокус“. Од МВР пак го потврдуваат инцидентот, но истакнуваат дека случајот допрва треба да се расчисти, одноно како дошло до него.
-Вчера во 19.32 часот во СВР Скопје било пријавено дека во стан на ул.„Методија Шаторов Шарло“ во Скопје со повреди од огнено оружје биле пронајдени Б.Д.(87) и В.Д.(59), татко и син, двајцата од Скопје. Полициски службеници излегле на местото и во станот пронашле пиштол и неколку чаури. Лекар од Итна медицинска помош кај В.Д. констатирал смрт, додека Б.Д. бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во Хрватска бојкот на продавници, ако цените продолжат да растат, ССМ најавува штрајк
-
Тема на денот со Татјана Алексиќ
-
Меѓународен ден на образованието
-
Разбиена терористичка ќелија – планирала напади врз цивили во Македонија
-
Кои се апликациите за заштита на децата на социјалните мрежи?
-
Сведоштво на родител кој го загубил синот поради Тик Ток видео
-
Мицкоски: Во Вашингтон имав историски средби за македонските интереси
-
Стоилковиќ открил нова злоупотреба, скап џип „заборавен“ во автосервис