778 санкции за брзо возење на територија на цела држава
Во текот на вчерашниот ден (05.06.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 778 возачи. Од нив, 111 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 12 возилa се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.
Најголем број од санкциите се изречени на територија на СВР Тетово - 151, а потоа на територија на СВР Скопје – 145, на територија на СВР Куманово - 123...
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.
Ново на Сител
-
Се прават напори за средба меѓу македонската и бугарската делегација во ХАГ
-
Осум македонци од Израел најдоцна до утре ќе бидат евакуирани со владиниот авион преку Египет
-
Тема на денот со Златко Кузманов, доктор по безбедност
-
Почна дводневниот Енергетски форум МЕФ 2025
-
Евакуација од Израел
-
Војната се шири
-
Сиљановска Давкова и Радев на Самит во Тирана - Нема потврда за билатерална средба
-
Надзорна за Кочани