70-ти роденден на Кисела Вода и Културно лето: “Се на свое место”
„Културно лето” нуди забава за сите генерации, изјави на денешната прес-конференција, градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, по повод 70. роденден на Општината и манифестацијата што годинава го носи името „Сѐ на свое место”.
Тој рече дека Општината изминатите четири години посветила внимание на културата, а годинашново „Културно лето” нуди забава за сите генерации.
-Големо е моето задоволство што сме денеска тука, на два дена пред почетокот на одбележувањето на еден значен јубилеј. Општина Кисела Вода одбележува 70 години од своето постоење и тоа со програма што е разновидна, содржајна и квалитетна, креирана да допре до сите генерации. Во период кога стоиме на прагот на последната година од мојот мандат како градоначалник на Кисела Вода, зад нас оставаме време на темелна работа - во урбанизмот, инфраструктурата, образованието, спортот, социјалата и секако, во културата и забавата, подвлече Ѓорѓиевски.
Тој рече дека годинава има изведувачи кои ќе настапат на повеќе сцени и ќе понудат разновидна програма за сите возрасти, за сите жители на Кисела Вода и за сите скопјани, како и од останатите градови низ земјава.
Свечената седница на Советот и доделувањето на статуетки во форма на клучеви на заслужни жители на Кисела Вода, што ќе се случуваат во четврток во утринските часови, како што беше најавено, се само вовед во богатата роденденска прослава.
Меѓу македонските ѕвезди, на 26 јуни ќе настапи и Роџер Санчез, добитник на Греми, диџеј кој ги полни најголемите клубови и фестивали во светот.
На 29 јуни, последниот ден од програмата, во паркот Македонија ќе биде организиран Семејниот ден - од 10:30 до 14 часот, со богата, динамична и целосно бесплатна програма.
Годинава исто така, беше кажано дека изборот на учесници е направен врз основа на квалитет, оригиналност и енергија, со што Кисела Вода, како што беше нагласено, успеа да се брендира како општина на културата, урбаната сцена и живата традиција.
-Оваа програма уште еднаш потврдува дека Кисела Вода не гради само улици, училишта и инфраструктура – туку и заедништво, спомени и вредности што остануваат. И во културата, и во животот – сѐ е на свое место, беше кажано на прес-конференцијата, каде се обратија и дел од учесниците.
Ѓорѓиевски одговарајќи на новинарско прашање за тоа кој ќе биде кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за претстојните избори за градоначалник на градот Скопје, рече дека очекува многу скоро од партијата да го соопшти кандидатот.
Ново на Сител
-
Канада испраќа во Украина дронови, муниција и оклопни возила вредни милијарда канадски долари
-
Приведен 43-годишен родител на фудбалер, по инцидентот на натпреварот меѓу пионерските екипи на „Шкупи“ и „Брегалница“
-
ФФМ го осуди инцидентот на натпреварот Брегалница – Шкупи: Нема компромис со насилството
-
Димитриеска-Кочоска во Загреб на потпишување Меморандум, Македонија се вклучува во иницијатива за унапредување на пазарите на капитал во Централна и Југоисточна Европа
-
Пропадна уште еден обид за конституирање на Собранието на Косово
-
Српскиот претседател претстави нови економски мерки за подобрување на животниот стандард на жителите на државата
-
Приведен 29-годишник, возел со 171 километри на час на место каде е дозволено 100
-
Приведен 36-годишник, при претрес на неговиот дом пронајдена е дрога