57,5 милиони луѓе ја следеле дебатата меѓу Харис и Трамп
Претседателската дебата меѓу демократската потпретседателка Камала Харис и републиканскиот кандидат Доналд Трамп привлече 57,5 милиони телевизиски гледачи на седум телевизиски мрежи, покажуваат прелиминарните податоци на агенцијата „Нилсен“ објавени доцна синоќа.
Дебатата што се одржа завчеравечер беше прва тет-а- тет средба на кандидатите за претседателските избори на 5 ноември.
Дебатата привлече повеќе гледачи од онаа во јуни меѓу Трамп и тогашниот претседателски демократски кандидат, актуелниот претседател Џо Бајден, која ја следеа околу 51 милион луѓе.
По лошиот настап во оваа дебата, Бајден се повлече од изборната трка. Бројките за гледаност на „Нилсен“ не ги вклучуваат луѓето кои ја следеле дебатата онлајн и низ баровите и рестораните.
Конечните податоци што ќе ги вклучи и овие бројки ќе бидат објавени подоцна.
Рекордна гледаност досега е забележена во претседателската дебата во 2016 година, кога 84 милиони луѓе го следеа дуелот меѓу демократската кандидатка Хилари Клинтон и Доналд Трамп.
Ново на Сител
-
Саркози во затворот Ла Санте добил смртни закани
-
Ден на македонската револуционерна борба
-
Трамп ја откажа средбата со Путин: Едноставно не ми се чинеше исправно
-
Октомвриски Самит на ЕУ во Брисел, меѓу темите Украина, Блискиот Исток о одбраната
-
Најмалку девет мртви и пет повредени лица во експлозија во фабрика за оружје во рускиот град Копејск
-
Облачно, кон крајот на денот и во текот на ноќта повремен локален дожд
-
Посебен режим на сообраќај во центарот на Скопје поради атлетска трка
-
Шведска може на Украина да и продаде помеѓу 100 и 150 борбени авиони „Грипен“