500 семејства и денеска без парно
Околу 500 домаќинства од Бутел и Чаир и денеска се без парно.
Граѓаните револтирани велат дека не е во ред во ек на зима со денови да немаат греење. Цела година плаќаат сметки за парно, а сега со греалки се обидуваат да ги затоплат домовите.
И од Топлификација Скопје Север потврдија дека не испорачуваат топлинска енергија. Се надеваат дека во понеделник, Општина Чаир ќе го подмири долгот, за да може да купат гас и да го вклучат греењето. Но, велат дека тоа ќе го ршеи проблемот само неколку дена. Побараа државата финанансиски да ги помогне за да функционираат без проблеми. Поради високата цена на гасот се соочуваат со сериозни финансиски проблеми.
И од Чаир потврдија дека по празиците ќе го подмират долгот, но дека проблемот на топланата е многу поголем.
Ова не е прв пат граѓаните приклучени на оваа топлана да се соочуваат со проблеми. Поради тоа од РКЕ неколку пати препорачаа да се најде начин, снабдувачите Скопје Север и ЕСМ Енергетика да соработуваат за да се зголеми бројот на потрошувачи и да се оптимизира производството на топлинска енергија.
Инаку, Топланата Скопје Север има најмалку приклучени потрошувачи.
-
Ирена Чачкова
Сите содржини од овој новинар