Македонија
11. September 2020 - 15:32

5 починати и 142 нови случаи на Ковид-19 во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1542 тестирања, а регистрирани се 142 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-37, Куманово-18, Дебар-1, Штип-3, Прилеп-8, Тетово-13, Струга-3, Битола-4, Гостивар-9, Струмица-4, Крива Паланка-8, Радовиш-1, Крушево-1, Кочани-5, Пробиштип-3, Македонски Брод-2, Пехчево-4, Берово-2, Валандово-1, Виница-3, Делчево-7, Кратово-1, Кичево-2 и Ресен-2. 

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 98 оздравен пациент од: Скопје-20, Куманово-10, Штип-10, Прилеп-4, Тетово-3, Струга-11, Велес-4, Битола-3, Охрид-2, Кавадарци-4, Гостивар-6, Гевгелија-1, Струмица-1, Кочани-1, Пехчево-2, Берово-3, Виница-1, Делчево-4, Свети Николе-3 и Кичево-5. 

Починати се 5 лица, пациент од Гостивар (69г), од Прилеп (84г), од Охрид (84г), од Македонски Брод (46г) и пациент од Штип (58г). 

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15555,  бројката на оздравени пациенти е 12994, на починати е 642, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1919. Денеска се регистрира еден контролен тест од вчерашната статистика, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 6247, активни 588

• Куманово 1580, активни 214

• Дебар 265, активни 32

• Штип 1200, активни 81

• Прилеп 542, активни 132

• Тетово 1279, активни 117

• Струга 613, активни 53

• Велес 283, активни 17

• Битола 241, активни 47

• Охрид 388, активни 59

• Кавадарци 195, активни 24

• Гостивар 838, активни 97

• Гевгелија 80, активни 46 (8 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 11 на Богданци и 12 се странски државјани)

• Струмица 90, активни 34

• Крива Паланка 79, активни 35

• Радовиш 50, активни 9

• Крушево 18, активни 2

• Кочани 179, активни 47

• Пробиштип 94, активни 19

• Демир Хисар 60, активни 2

• Македонски Брод 83, активни 14

• Пехчево 42, активни 28

• Берово 72, активни 33

• Валандово 12, активни 4

• Виница 88, активни 28

• Делчево 122, активни 85 (27 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица) 

• Кратово 24, активни 5

• Свети Николе 304, активни 23

• Кичево 289, активни 36

• Ресен 149, активни 2

• Неготино 49, активни 6 (11 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1542 теста се преку: ИЈЗ-439, ЦЈЗ Скопје-30, Авицена-364,  Биотек-160, МАНУ -101, Жан Митрев (Филип Втори)-165, Систина со PCR метода -175, лабораторија Лаор –64, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-28, Инфективна клиника-9, ГАК-7, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 163.132 тестирања на ковид -19.  Нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 7 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 86 пациенти. На кислородна поддршка се 39 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.  

Во болницата во Козле хоспитализирани  се  4 деца и 4  мајки позитивни на ковид-19, 1 дете и 1 мајка суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 3, а вкупно хоспитализирани се 31 пациент. На респираторна машина се 4 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 11, а во болницата во Штип се хоспитализирани 55 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 136, позитивни и сомнителни на ковид-19. 

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје) 

• Чаир – 55

• Гази Баба – 71

• Аеродром - 94

• Карпош – 71

• Центар – 68

• Кисела Вода – 53

• Ѓорче Петров – 35

• Бутел - 41

• Шуто Оризари – 19

• Студеничани – 13

• Сарај – 17

• Арачиново – 9

• Илинден – 12

• Сопиште – 4

• Чучер Сандево – 2

• Петровец – 4

• Зелениково - 1

• Странец – 3

• Нераспределен-16