-->
-->
47-годишник од велешко со автомобил удрил во паркирано возило, па во малолетен пешак
-->
На 08.10.2025 во 19:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на регионалниот пат Скопје-Свети Николе, кај с.Р’жаничино, скопско, патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.К.(47) од с.Црквено, велешко, удрило во паркирано патничко возило „смарт“ со скопски регистарски ознаки, паркирано од А.Ш.(25) од с.Долно Коњари, скопско, а потоа удрило и во малолетен пешак од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот М.К., додека со телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Судот одлучи дека Штекли е психички способен да го следи судењето
-
Тема на денот со Гордан Георгиев, Форум за разумни политики
-
Прегратки, солзи и овации - Израел и Хамас почнаа со размена на заложници
-
Разрешениот директор на Неврологија немал активна лиценца за работа како доктор
-
ДУИ и СДСМ - гласањето в недела е референдум, Mицкоски вели - предвремени избори ќе нема
-
СКСЗМ на средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и кандидати за градоначалници од партијата
-
Дигитализација на градот, уредување на кејот, решенија за ЈСП - нови ветувања на кандидатите за Скопје
-
Последна недела кампања за локални избори 2025