Македонија
26. May 2025 - 13:47

34 годишник силувал 14 годишно девојче во делчевско

Вчера во 20,10 часот во делчевско село, полициски службеници од ОВР Делчево го лишија од слобода Б.М.(34), постапувајќи по претходна пријава дека извршил обљуба врз 14-годишно девојче од истото село.

Запознаен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.