31 лице не ја почитувале забраната за движење, приведени се 25 лица
Во текот на изминатото деноноќие (14/15.05) по однос на забраната за движење евидентирано е дека на ниво на целата држава 31 лице не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 25 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.
Исто така по однос на мерката за задолжително носење заштитна опрема т.е. заштитни маски евидентирани се 23 лица што ја прекршиле оваа мерка.
За последните 24 часа на територијата на Република Северна Македонија на 81 лице им се издадени решенија за изолација, а 113 лица потпишале изјави за самоизолација.
Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.
Ново на Сител
-
Приватните превозници ќе возат до 11 часот, додека ЈСП им префрли пари за гориво
-
Преглед на вестите од светот
-
Приватните превозници ги паркираа автобусите
-
Мицкоски во посета на Гевгелија
-
Сиљановска во посета на ГШ на Армијата
-
Управниот суд ја одби тужбата на Јолевски
-
Дурмиши: Ќе работат за добра бизнис клима
-
Македонските компании не знаат за ЕУ стандардите