Македонија
5. July 2024 - 16:49

Избувна пожар во светиниколско: Изгоре штала, две грла добиток, млин, сточна храна

Вчера во 12.00 часот во Полициската станица Свети Николе било пријавено дека во с.Горобинци, светиниколско, настанал пожар на сува трева, а од пожарот била зафатена штала во сопственост на Д.Ц.(32) од с.Горобинци.

Повредени лица нема. Во пожарот покрај шталата изгореле две грла добиток, сточна храна, млин и други предмети. Од Територијалната противпожарна единица Свети Николе пожарот бил локализиран.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Свети Николе.