-->
-->
300 милиони евра за Кристијано Роналдо!
-->

Неименуван кинески клуб му понудил на Реал 300 милиони евра за Кристијано Роналдо, изјавил менаџерот на фудбалерот Жорж Мендеш. Како што изјавил за Sky Italia, според таа понуда напаѓачот би заработувал повеќе од 150 милиони евра годишно.
„Од Кина на Реал му понудија 300 милиони, а на фудбалерот 150 милиони евра годишна плата. Но не е се во парите. Реал е животот на Кристијано. Тој е среќен во Реал и невозможно е да замине во Кина“, изјавил Мендеш.
Кинеските клубови изминатата година потрошија многу пари за да ги привлечат познатите фудбалски имиња. Во четвртокот, Аргентинецот Карлос Тевез, договори соработка со Шангај Шенхуа, а претходно Оскар потпиша договор со Шангај СИПГ.
„Кинескиот пазар е нов. Можат да купа многу фудбалери, но не можат да го купат Кристијано. Тој е најдобриот фудбалер во светот и најдобриот на сите времиња. Со Португалија го освои ЕП, тоа е исто како Џенова да ја освои Серија А“, дополнил Мендеш.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

СДСМ ги реализираше заканите - не дојде на состанок на работната група за Изборен законик
-

Раде Трајковски-Штекли осуден на осум години затвор
-

Можно е дополнително намалување на акцизата за бензините, ДДВ-то на дизелот останува исто
-

Во првиот квартал потрошени речиси 2/3 од планираниот буџетски дефицит за цела година
-

Новиот закон за сајбер безбедноста ќе донесе поголема заштита за граѓаните и бизнисот
-

Укинувањето на Пржинската влада пред пратениците
-

Седница на работните групи за Изборниот законик
-

Мицкоски: Интензивно се работи на реформската агенда
