30 години од атентатот врз Глигоров
Денеска навршуваат 30 години од денот кога во 95-тата година беше извршен атентатот врз првиот претседател на Македонија Киро Глиггоров.
До овој момент се уште непознат сторител постави автомобил бомба пред хотлот Бристол и ја активираше во моментот кога поминуваше делегацијата на Претседателот.
Глигоров доби тешки повреди на главата но успеа да го преживее атентатот. Неговиот возач Александар Спирковски загина на лице место. Од здобиените повреди подоцна почина уште едно лице, случаен минувач. Од здобиените повреди закрепна еден од телохранителите.
До денеска, надлежните служби не успејаа да ги откријат сторителите и покрај тоа што кружеа серија можни сценарија.
Глигоров се врати на работа по речиси една година и го заврши мандатот.
Почина на 1 јануари 2012 година во 94тата година од својот живот.
Ново на Сител
-
Трамп предупреди дека нема да толерира одложување на одговорот на Хамас
-
Приведени шест возачи за управување со возило под дејство на алкохол
-
Приведен 29-годишник од Неготино, поднесени кривични пријави и одредена мерка притвор
-
Приведени две лица, пронајдени дрога, дигитална вага и пари | ФОТО
-
Николоски најави поддршка од два милиона евра за дополнителни проекти во општина Кичево
-
Трендафилов од Штип: Минималната плата мора веднаш да се зголеми
-
Државјани на Египет и Албанија нелегално влегле во Македонија
-
Израелската армија ги предупреди жителите на Газа да не се враќаат во градот