211 сообраќајни прекршоци во Скопје, 94 за брзо возење
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (24.07.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.На територијата на град Скопје изречени се вкупно 211 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 94 санкции, 17 за возење без возачка дозвола, девет прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, пет за технички неисправни и нерегистрирани возила.
Изречени се девет санкции за користење мобилен телефон, 17 за возење под дејство на алкохол, 17 за управување возило без возачка дозвола...
Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ со митинзи во Чаир, Аеродром и Гази Баба
-
Тема на денот со Венко Филипче, претседател на СДСМ
-
По 18 пат во чест на Тоше маратонците го истрчаа Меѓународниот ултра маратон од Нова Градишка до Крушево
-
Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ закажано за 19 ноември
-
ЛКМ со морална осуда за д-р Игор Кузмановски – Неврологот и понатаму без активна лиценца
-
Сиљановска-Давкова најави македонско бугарски разговори по локалните избори
-
Се дистрибуираат гласачките ливчиња за изборите во недела
-
Ветувања на кандидатите за градоначалник на Скопје пред крајот на изборната кампања