191 сообраќајни прекршоци во Скопје
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (20.04.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 191 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 22 санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола, 69 санкции за прекршоци што ги прават пешаците.
Изречени се пет мерки за користење мобилен телефон, девет санкции за возење под дејство на алкохол, две мерки за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла), четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло)...
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
Ново на Сител
-
Роналдо прв фудбалски милијардер во историјата
-
Италија ќе забрани носење бурка или никаб на јавни места
-
Уапсена сопругата на Шинаи во кој беше пукано вчера во Куманово
-
Полиција утврдила дека куферот оставен кај седиштето на ВМРО-ДПМНЕ е празен
-
Голема полициска акција во повеќе скопски населби, се апсат дилери на кокаин
-
По три години затвор за сопствениците на диви депонии во Вардариште
-
Во центрите за јавно здравје обезбедени 2.400 комерцијални вакцини против сезонски грип
-
Дојава за бомба кај седиштето на ВМРО-ДПМНЕ