189 сообраќајни прекршоци во Скопје, 60 за брзо возење
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (19.07.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 189 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 60 санкции, 25 мерки за прекршоци што ги прават пешаците, 19 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, девет мерки за возење без возачка дозвола.
Изречени се девет мерки за користење мобилен телефон, пет санкции за технички не исправни возила во јавниот превоз, три мерки за возење под дејство на алкохол...
Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
Ново на Сител
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Teма на денот со Зоран Јовановски
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Прва инвестиција на новата Влада вредна 500 милиони долари
-
Почна расправа за струјата
-
Од министерска во директорска фотелја – Фатмир Меџити е нов директор на Клиниката за неврологија
-
Клиниките во Скопје и Штип ќе ги лечиме на арбитража во Париз
-
На секоја втора фирма лани и било барано мито, сумите одат и до 100 илјади евра