182 сообраќајни прекршоци во Скопје, 46 за брзо возење
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (24.09.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територијата на град Скопје изречени се вкупно 182 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 46 санкции, 20 за возење без возачка дозвола, четири за возење под дејство на алкохол, пет за технички неисправни и нерегистрирани возила.
Изречени се осум мерки за користење мобилен телефон, пет за некористење сигурносен појас, пет прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, 62 за непрописно паркирање.
-Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, соопштува МВР.
Ново на Сител
-
Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ
-
Тема на денот со Васко Нумовски, поранешен амбасадор
-
Во Охрид доделено признанието „Инженерски прстен 2025“
-
Ќе има ли собраниски надзор во АНБ?
-
Партиски реакции за скандалот
-
Сиљановска: По многу бели линии, апсурдно е сега да зборуваме за црвени
-
Судење за Штекли
-
„Вардариште“ под лупа на обвинителството, кривични пријави за 3 лица