-->
-->
173 санкционирани возачи на територијата на град Скопје, 42 за брзо возење
-->
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (25.05.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територијата на град Скопје изречени се вкупно 173 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 42 санкции, 12 за возење без возачка дозвола, 17 прекршоци што ги чинат возачите за мотоцикли.
Изречени се осум санкции за користење мобилен телефон, пет за технички неисправни и нерегистрирани возила, 59 санкции за непрописно паркирани возила.
Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Трошоците за живот зголемени за 2,6 % а цените на мало за 2,7 отсто споредбено со лани
-
ЈСП со две нови линии за Саемот на книга, „100“ и „200“
-
Кривична против кавадарчанец кој крадел од болница и верски објект
-
Запалил стан и викендица, поднесено обвинение за зетот на Зоки Фаци
-
Почина Филип Аврамчев, поранешен директор на Универзална сала
-
САД и Кина почнуваат преговори за царините
-
Приведен малолетник во Куманово, украл мотоцикл
-
Истрага за две грабнувања во Тетово, едната жртва било дете