162 сообраќајни прекршоци во Скопје, 24 за брзо возење
Во текот на вчерашниот ден (01.09.2022) МВР продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот..
На територија на град Скопје изречени се вкупно 162 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 24 санкции, 16 мерки за возење без возачка дозвола, четири санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли.
Изречени се 15 мерки за користење мобилен телефон, седум санкции за нерегистрирани возила, 11 мерки за непочитување на првенство на минување, пет санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), седум мерки за некористење сигурносен појас, пет санкции за прекршоци што ги прават пешаците...
Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
Ново на Сител
-
„Синот“ на струмичкиот театар го отвори 33. фестивал „Ристо Шишков“
-
Преглед на вестите од светот
-
Голема НАТО вежба во Бугарија
-
Тема на денот со Туше Гошев, пратеник во првиот парламентарен состав
-
Одбележан 8 ми Септември - Ден на независноста на Македонија
-
Партиите со честитки за Денот на независноста
-
Владата не верува дека линиите на Филипче може да бидат црвени
-
Голема НАТО вежба во Бугарија