15 килограми марихуана пронајдени во напуштен објект и стан во гевгелиско | ФОТО
При претреси во гевгелиско пронајдени 15 килограми марихуана, приведен дилер.
- На 23.04.2023, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гевгелија и Полициската станица Гевгелија го лишиле од слобода Б.А.(42) од с.Богородица, гевгелиско. При претрес, извршен со судска наредба, во станот кој го користи во Гевгелија и во напуштен објект во с.Богородица, кој бил отклучен со клуч пронајден во станот, биле пронајдени и одземени околу 15 килограми марихуана, соопшти МВР.
Како што информираат од МВР, лицето било задржано во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, во координација со Јавен обвинител, против него ќе биде поднесена пријава по член 215 од Кривичниот законик.
Ново на Сител
-
Тензична собраниска седница за надзор на работата врз АНБ
-
Мицкоски: ДУИ е фактор на дестабилизација, за тоа е загрижена и меѓународната заедница
-
Суспендираниот Хајрулахи се жали на притисоци од државниот јавен обвинител
-
Регионална конференција за е-трговија
-
Левица бара Собранието да расправа за депонијата во Кочани
-
Преглед на вестите од светот
-
Алтернативи за прочистување на воздухот: Подготвена ли е Македонија да ги следи светските трендови?
-
Тема на денот со Имер Селмани