15 автомобили се судрија на автопат во Германија: „Патот е поле со отпад“
На автопатот А2 кај Билефелд во Германија вчера вечерта се случила сообраќајна незгода во која учествувале 15 возила. Како што пренесува германски Билд, автопатот е „поле со шут“.
Пожарникарите известија дека околу 18:15 часот меѓу раскрсницата Билефелд и Гутерслох се судриле вкупно 15 возила. Најмалку осум лица се повредени, а една жена остана заробена во својот автомобил и мораше да биде извлечена. Нејзините повреди се опасни по живот.
Уште три лица се тешко повредени, а четворица се полесно повредени. Спасувачки хеликоптер слета во близина на местото на несреќата. Полицијата во моментов се сомнева дека причина за несреќата била слабата видливост поради обилните врнежи од дожд.
Спасувачите од Билефелд и Гутерсло се упатиле на местото на несреќата, а патот бил целосно затворен до 1 часот по полноќ. Сообраќајот беше пренасочен на раскрсницата Билефелд преку А 33 и А 44, а во правец на Дортмунд се создаде сообраќаен метеж долг седум километри.
Ново на Сител
-
На „vakcinacija.mk“ пријавени над 49 000 граѓани - На располагање има 80 000 бесплатни вакцини
-
Граѓанскиот суд го забрани штрајкот на контролорите на летање, синдикатот ќе се жали
-
Ќе има ли одговорност за куќата на писателот Малески
-
Македонија добива нова национална ИКТ стратегија - СМАРТ МК 2030
-
Преглед на вестите од светот
-
Андоновски: Нова дигитална стратегија
-
Мицкоски: Излезете на гласање
-
Филипче: Секој глас се брои