Зголемени продажните цени на производителите на индустриски производи
Продажните цени на производителите на индустриски производи во април годинава се повисоки за 0,4 отсто на месечно и за 1,6 проценти на годишно ниво.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во споредба со март 2023 година, продажните цени на производителите на индустриски производи се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 1,3 отсто и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0,7 проценти, а во секторот Преработувачка индустрија се повисоки за 0,6 отсто.
Во споредба со април 2022 година, продажните цени се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 9,8 отсто, а се повисоки во секторот Преработувачка индустрија за 1,6 и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 17,1 отсто.
Продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари, пак, се пониски за 0,1 отсто на месечни и за 1,1 отсто на годишно ниво.
Во споредба со март 2023 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 1,8 отсто, а во секторот Преработувачка индустрија остануваат непроменети. Во споредба со април 2022 година се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 8,8 отсто, а во секторот Преработувачка индустрија за 0,5 отсто.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Изет Меџити, коалиција Вреди
-
Приватните специјализанти ќе работат за празниците, но не се откажуваат од барањата
-
ДСЗИ повторно влезе на Токсикологија
-
Одобрена екстрадицијата на Палевски
-
Распределбата на спортски ваучери ќе седне на обвинителна клупа 12 лица
-
Скопјанец со тешки повреди заврши на КАРИЛ по пад во отворена шахта
-
Сите имаат услови за владина коалиција
-
Ковачевски со критики за ДУИ