Заев: Прво консултации во СДСМ и со малите партии, потоа одлука за ДУИ
По внатрепартиски консултации како и разговори со помалите партии ќе се одлучува за активностите на ДУИ, односно за поднесувањето на пет-шест илјадите амандамани за Изборниот законик, истакна премиерот и претседател на СДСМ Зоран Заев кој рече и она што ВМРО-ДПМНЕ испратило девет илјади амандмани е силен сигнал за блокирање на процесот.
-Ќе ги видиме сите анализи. Со партнерите ќе разговарам и сакаме да ги видиме ваквите објаснувања. Но, како што реков вчера, навистина пораката е многу нелогична, партнерите во најмала рака зборуваат. Ние зборувавме со нашите аргументи зошто е подобро една изборна единица. Се одржаа состаноци, се носеа одлуки од страна на политичките партии и не смееме да не го слушаме гласот на помалите политички партии. На крајот имаме изнасилена демократија. Демократијата се базира навистина на мнозинството и аргументите да ги ставиме на маса. Имаше одредени идеи сега да донесеме па да важат 2024. Јас се залагам да важи веднаш и мислам дека тоа можеме, истакна лидерот на СДСМ.
Ова, рече тој, е еден исчекор што сме должни пред граѓаните да го направиме не заради тоа што ние сме ветиле пред изборите. Реков ние губиме, после тоа губи ВМРО-ДПМНЕ, па после добиваат сите. -Прво добива државата ама добиваат и сите други политички партии, нагласи Заев.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Мирче Адамчевски, новинар, аналитичар
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ и Вреди се поблиску до владина коалиција
-
Продолжува претседателската кампања
-
Продолжува парламентарната кампања
-
Детектор: Близу 60% од граѓаните ќе гласаат на изборите - кампањата не влијаела на нивната одлука
-
23 години од масакрот кај Вејце
-
Приватните специјализанти освен повисоки плати и здравствено осигурување бараат и системски решенија