Заев: Пандемијата не смее да го зголемува насилството врз жените, секоја жена мора да биде сигурна и заштитена
Секоја жена и девојка мора да биде сигурна и заштитена. Ниедна жена и девојка не смее да трпи родово базирано насилство, ниту во домот ниту надвор од него, порача вечерва онлајн трибината „Молкот не е решение“ посветена на активизмот против насилството врз жените и семејното насилство во организација на Форумот на жени на СДСМ, премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев.
Во време на ваква сериозна здравствена криза од коронавирусот со која се соочува целиот свет, потенцира тој, сите сме свесни дека нашите граѓани и граѓанки се секојдневно под голем психолошки притисок од неизвесноста на самиот вирус и од нарушеноста на нивното секојдневие, но тоа не смее да преставува причина за пораст на домашното насилство и било какво друго непосакувано однесување врз жените и девојчињата.
– Институциите се тука за секој граѓанин, без разлика на полот, работиме на подобрување на капацитетите и нанивнат ефикасност, порача во своето обраќање Заев.
Во овој контекст Заев најави усогласување на законската регулатива, продолжување на политиките за праведно општество, но и со воведување едукативни часови во училиштата.
– Од наредната учебна година започнува пилот проектот за воведување на сеопфатно сексуално образование, ова треба да опфати поголем аспкет на едукација на младите уште од најрана возраст за препознавање на сексуалното насилство, непосакуваното однесување врз девојчињата и жените и родовата дискриминација. Пред нас план за усогласување на останатата законска регулатива со Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство. Нов Закон за вознемирување на работното место (мобинг). Нови законски решенија кои ќе ги земе најдобрите пракси во земјите од Нулта толеранција кон сите форми на дискриминација врз жените. Родовата еднаквост и во следниот период ќе биде наш висок приоритет. Продолжуваме со политики за градење праведно општество во кое сите граѓани, без разлика на полот, ќе ги уживаат подеднакво своите права и ќе имаат еднакви можности во сите области на општественото живеење, говореше премиерот Зоран Заев, дополнувајќи дека родовата еднаковст е базично човеково право.
Ново на Сител
-
САД: Можни се терористички напади врз претставници на ЛГБТ заедницата ширум светот
-
Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев
-
Сончево и топло, попладне локално дожд и грмежи
-
Состојба на патишта
-
Дачиќ: Човечки фактор е причина за сударот на возовите, најважно е дека нема загинати
-
Нетанјаху: Ќе ги донесеме сите заложници дома, живи или мртви
-
Девет повредени при судар на патнички и товарен воз во тунелот Вуков споменик-Панчевачки мост
-
Претседателот на Управен демантира дека врши притисок врз судиите кои одлучуваат за тужбите на Европскиот фронт