Заев: Денови се во прашање кога ќе може да се потврди утоварот за кинеските вакцини
Премиерот Зоран Заев очекува овие денови да има информација од Кина кога ќе почне утоварот на вакцините. Тој денеска во изјава за медиумите рече дека се е направено во делот на постапките со цел вакцините што е можно побрзо да дојдат во земјава.
Вели дека никаде во светот никој не може со точност да каже кога кој тип на вакцина, кога ќе пристигне. За авансот за кинеските вакцини, појасни, дека е повлечен затоа што се чекала потврда од Министерството за надворешни работи на Кина.
– Авансот е пуштен како дел од процедурата. Парите се тука, на истата сметка на Министерството за здравство. Денеска очекувам позитивна информација за постапката што е започната. Денови се во прашање кога ќе може да се потврди утовар за да дојдат вакцините во Северна Македонија, изјави Заев, одговарајќи на новинарски прашања по промовирање на проектот за реконструкција на Универзалната сала.
Потсети дека има и втора постапка за набавка на уште 200 илјади дози од кинеската вакцина, а, како што соопшти, формализирани се и документите за набавка на руската вакцина „Спутник“.
Ново на Сител
-
Потер нов селектор на Шведска
-
Орбан: Успехот на самитот во Будимпешта е од егзистенцијален интерес за Унгарија
-
Зеленски и Макрон разговараа за притисокот врз Русија и се согласија да се сретнат во блиска иднина
-
Ѓорѓиевски: Скопје гласаше за визија, за конкретни проекти и за одговорно работење
-
Минималните трошоци на четиричлено семејство во октомври зголемени за околу 500 денари
-
СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ загуби фантастични 140.000, разликата меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ значително намалена
-
Костадинов бара заминување на раководството на СДСМ
-
Николоски: ВМРО-ДПМНЕ убедливо победи, Филипче да поднесе оставка