Врховниот суд одбележува 70 години од основањето
Со свечена академија и конференција, Врховниот суд на Република Македонија денеска ќе одбележи 70 години од основањето.
На свечената академија ќе се обрати претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељановски, претседателката на Врховниот суд Лидија Неделкова, претставници на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, претседатели и судии на врховните судови на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија, Хрватска и Црна Гора.
Како дел од активностите за одбележување на јубилејот ќе се одржи регионална конференција на претседатели на врховни судови на земјите од регионот на тема „Судската пракса на Врховниот суд и Европскиот суд за човекови права како неопходен предуслов за обезбедување на правната сигурност на граѓаните“.
Врховниот суд ја организира конференцијата во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје.
Ново на Сител
-
Србинка барана по Интерпол уапсена на аеродромот во Скопје
-
Утревечер седница на Советот за безбедност на ОН за Босна и Херцеговина по барање на Русија
-
За брзо возење 286 санкции на територија на цела држава
-
Бојмацалиев: Над 603.000 патници на Меѓународниот аеродром Скопје, во првото тримесечје од 2024
-
Во ЗОО Скопје се роди двогрба камила
-
Тешко повреден малолетник во сообраќајка на патот Охрид-Ресен
-
Над 157.000 Грци се пријавиле за поштенско гласање на евроизборите
-
СПМ повикува на масовна излезност на 8 мај, за иднина и стабилност на државата