Вработените во ЈКП „Стандард“ во Дебар добија повисоки плати
Управата на Јавното комунално претпријатие „Стандард“ во Дебар одлучи да им ги зголеми платите на своите вработени за 17 отсто. Одлуката е донесена по барањето на штракјувачкиот одбор, што претходно бараше зголемување на платите и подобрување на условте за работа.
Одлуката е поздравена од страна на вработените, но и од локалните власти кои на средбите со штрајкувачкиот одбор одлучија зголемување на платите, а управата на претпријатието изнајде можности платите да се зголемат за 17 отсто.
Директорот на ЈКП „Стандард“ Мазмул Леши изјави дека по покачувањето на платите за сите вработени се прават напори да се реши проблемот како со здраственото осигурување, така и со наплатата на придонесите за пензиоско и инвалидско осигурување.
Долговите на „Стандард“ за неплатени придонеси изнасуваат околу еден милион евра .
Ново на Сител
-
Парламентарна кампања
-
Тема на денот со Мирче Адамчевски, новинар, аналитичар
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ и Вреди се поблиску до владина коалиција
-
Продолжува претседателската кампања
-
Продолжува парламентарната кампања
-
Детектор: Близу 60% од граѓаните ќе гласаат на изборите - кампањата не влијаела на нивната одлука
-
23 години од масакрот кај Вејце