Балкан
27. November 2015 - 9:49

Во нов инцидент со мигранти во Егејско Море загинале две сириски деца

Две деца загинале во нов инцидент со чамец со сириски мигранти, кои се обидувале да стигнат до грчкиот брег преку Егејско Море, информира весникот „Хуриет“.

Петнаесет лица се спасени од крајбрежната стража откако нивниот чамец се превртел во немирното море во близина на Бодрум. Меѓу спасените е и едно четиригодишно девојченце.

Во водата се најдени телата на две деца.

Во чамецот патувале 20-тина лица.

Спасувачката операција е се уште во тек.