ВМРО-ДПМНЕ бара Антикорупциска да го преиспита трошењето на СДСМ за изборите
ВМРО-ДПМНЕ утринава поднесе барање до Антикорупциската комисија за поведување на постапка против СДСМ за нетранспарентно објавување на приходите за време на изборната кампања. Партијата на Мицкоски тврди дека СДСМ во финансиските извештаи за изборите прикажала трошоци од 700.000 евра за кои пари не прикажала од каде и се.
Портпаролот на партијата Димче Арсовски вели дека 200.000 евра биле потрошени за билборди а половина милион евра за рекламирање на интернет медиум.
„За овие пари нема ништо во финансиските извештаи, во јавноста се шпекулира дека тоа се пари од рекетот на СДСМ, бидејќи СДСМ една недела молчи од каде и се овие пари, бараме Антикорупциската комисија да отвори постапка, во спротивно ќе сметаме дека и таа е во нивните партиски шеми“, рече Димче Арсовски, портпатол на ВМРО-ДПМНЕ.
Катерина Нешкова
Ново на Сител
-
Рендевски и Алексовски автори на поглавје во книгата „Двете страни глутаматот“
-
Пронајдена граната во близина на камп во Гевгелија
-
Приведен тинејџер, полицијата кај него пронашла дрога
-
Поевтинуваат дизелот и Еуросупер БС 98
-
Судскиот совет го одложи утврдувањето на кандидатски листи за избор на двајца членови на Советот
-
Од среда променливо облачно и посвежо со повремен дожд
-
Вработените во Фондот за здравство утре ќе протестираат
-
Србинка барана по Интерпол уапсена на аеродромот во Скопје