УХМР: Силно невреме и пад на температурите
Времето денес во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд кои повеќе ќе бидат застапени во западните делови на земјава. Ќе дува умерен повремено засилен ветер претежно од југоисточен правец.
Утринската температура ќе се движи од два до девет, а дневната од 12 до 18 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд и со умерен повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Утринската температура ќе се спушти до шест, а дневната ќе се искачи до 16 степени.
До четврток во Македонија ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, на повисоките планини ќе има услови за повремени слаби врнежи од снег. Во попладневните часови локално ќе има појава на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Од четврток кон крајот на денот ќе дува умерен повремено засилен ветер од северен правец, повеќе изразен ќе биде долж Повардарието во југоисточните делови на земјава.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ: Со 18.000 гласови, Филипче нема легитимитет
-
18-годишник од Штип возел 114 на место каде што дозволено 50
-
Македонските кикбоксери од Европскиот куп „Гранд при Сараево 2025“ се враќаат со 56 медали
-
Малолетничка загина во тешка сообраќајка, уапсен 19-годишен возач на „голф“
-
Мерц: Можно е најлошото допрва да доаѓа
-
Македонија влегува на светските карти за планинарски патеки
-
Водата во Скопје безбедна за пиење
-
Приведени крадци од Битола и Прилеп