Трамп нема да ја распушта полицијата поради убиството на Флојд
Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека нема да има распуштање на полицијата по повикот за расформирање на службите за спроведување на законот по смртта на Џорџ Флојд, кој беше убиен од полицаец за време на приведување.
Говорејќи на тркалезна маса во Белата куќа со претставници на службата за спроведување на законот, Трамп рече дека 99 проценти од полициските службеници се одлични луѓе, иако има некои „расипани јаболка“.
– Нема да има распуштање. Нема да има расформирање на нашата полиција. Нашата полиција ни дозволува да живееме во мир и сакаме да се погрижиме таму да нема лоши глумци, рече Трамп за време на средбата со полициските службеници и началниците на полицијата во Белата куќа, додавајќи дека тој верува дека „99 проценти“ од полицајците се „одлични луѓе “.
Прес-секретарот, Кејли Мек Енани на брифинг пред новинарите изјави дека „претседателот е згрозен“ од обидите за расформирање на полицијата, издвојувајќи ветувања од градоначалниците на Лос Анџелес и Њујорк за намалување на полициските буџети.
„Тоа значи намалување на полицијата. Тоа значи намалување на полициските оддели. Тоа значи да се уништат полициските оддели, ако не се ослободиме од нив во целост“, рече таа.
Ново на Сител
-
ДИК ги објави првичните резултати за изборите за претседател и за парламентарните избори
-
Се вратија старите цени на полисите за осигурување
-
Тема на денот со Joван Деспотовски, СДСМ
-
ДИК ќе ги соопшти првичните официјални резултати од претседателските и парламентарните избори
-
Први реакции од Бугарија и Грција по победата на ВМРО-ДПМНЕ и Гордана Силјановска Давкова
-
Скромно одбележување на Денот на Европа во неискосениот владин двор
-
Избори 2024: Обработени 100% од гласовите
-
Прелиминарен извештај на ОБСЕ и ОДИХР