Македонија
13. јуни 2024 - 16:46

Топлотниот бран ја дуплираше потрошувачката на вода во Струмица

Високите температури ја зголемија потрошувачката на вода во Струмица.За само неколку дена колку што трае топлотниот бран, фабриката за вода на струмички комуналец речиси го дуплирала производството и во моментов работи со максималниот капацитет. Наместо 450 до 500 метри кубни на час колку што бил дневниот просек , деновиве тие произведуваат до 700 кубици вода за еден час. Главната причина за ваквата појава било нерационалното трошење и користењето на обработената вода пред се за наводнување на бавчи и  дворни места.

Освен нерационалното користење на водата,  за јавното комунално претпријатие  дополнителен проблем во овој период од годината претставуваат и дивите приклучоци.

И покрај зголемената потрошувачка на вода од ЈПКД Комуналец најавуваат дека за сега  не размислуваат за рестрикции. Но дали во иднина ќе ги има ќе зависи од граѓаните и начинот на која ќе ја трошат водата.

Од претпријатието потенцираат дека нерационалното користење и зголемената потрошувачка често е причина и за зголемен број на дефкти што дополнително ќе го отежни работењето на водоснабдителниот систем.