Топ чанел: Хаос на албанско-грчката граница
Километрски колони возила и автобуси со албански државјани од вчера попладне се пред преминот Какавија на албанско – грчката граница.
Станува збор за албански емигранти кои за време на летниот одмор одлучиле да дојдат во родниот крај,но по највата дека нема да се дозволува влез без негативен ПЦР-тест,побрзале да се вратат назад во Грција.
Во врска со ваквата ситуација реагираше шефот на државата Илир Мета кој побара од Владата под итно да превземе неопходни мерки.
-Длабоко сум загрижен за состојбата на албанските граѓани кои продолжуваат да бидат заглавени со часови на граничниот премин Какавија,сериозно изложени на ризик од ширење на пандемијата Ковид-19. Ја повикувам Владата и Министерството за Европа и надворешни работи под итно да воспостават контакти со грчката страна, да ги преземат сите мерки за да го олеснат и гарантираат слободното движење на граѓаните преку границата.Решението мора да биде веднаш!стои во реакцијата на Мета.
Во меѓувреме припадниците на полициски службениви од Ѓирокастро, специјата единица „Шќипоња“ и сообраќајната полиција на илјадниците заглавени граѓани им делат шишиња со вода.
Ново на Сител
-
Парламентарни избори 2024
-
Пендаровски и Силјановска секојдневно на терен
-
Судски совет не ги утврди листите за избор на двајца нови членови на советот
-
Студентите на Штипскиот универзитет се едуцираат како да стартуваат сопствен бизнис
-
Преглед на вестите од светот
-
Парламентарна кампања
-
Тема на денот со Мирче Адамчевски, новинар, аналитичар
-
Преглед на вестите од светот