Тилерсон апелира до арапски држави да останат отворени за преговори со Катар
САД апелираа до Саудиска Арабија и други арапски држави да останат отворени за преговори со Катар во обид да се реши големата дипломатска криза со својот сосед.
Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон синоќа имаше средби со високи претставници од Кувајт и Катар. Кувајт се обидува да посредува во спорот на Катар со негови арапски соседи меѓу кои и ОАЕ и Саудиска Арабија.
Порптпарол на Стејт департментот изјави дека Тилерсон и официјалниот претставник од Кувајт договориле дека сите страни треба да се воздржат со цел покренуавње продуктивни дипломатски разговори.
Министерот за надворешни работи на Саудиска Арабија Адел ал Џубир вчера изјави дека нема потреба за преговарање туку Катар да одлучи дали ќе ја исполни листата од барања.
Саудиска Арабија, Египет, ОАЕ и Бахреин во петокот му поставија на Катар 13 барања што мора да ги исполни во рок од 10 дена ако сака да му бидат укинати дипломатските и економски санкции воведени пред две недели поради наводно финансирање тероризам.
Ново на Сител
-
Џафери со отчет за мандатот како технички премиер
-
Преглед на вестите од светот
-
ДИК ги објави првичните резултати за изборите за претседател и за парламентарните избори
-
Се вратија старите цени на полисите за осигурување
-
Тема на денот со Joван Деспотовски, СДСМ
-
ДИК ќе ги соопшти првичните официјални резултати од претседателските и парламентарните избори
-
Први реакции од Бугарија и Грција по победата на ВМРО-ДПМНЕ и Гордана Силјановска Давкова
-
Скромно одбележување на Денот на Европа во неискосениот владин двор