-->
-->
ТАВ: Aвиосообраќајот се одвива според редовниот распоред
-->
Од ТАВ Македонија информираат дека веќе два часа авиосообраќајот се одвива нормално, бидејќи нема густа магла и видливоста овозмозува да се реализираат летовите.
Поради густата магла и намалената видливост во текот на ноќта 4 летови до/од Меѓународниот Аеродром Скопје беа откажани (Виена, Белград, Загреб и Истанбул). По 10 часот и 30 минути утрово, временската состојба се стабилизира и авиосообраќајот продолжи да се одвива според редовниот распоред на летање.
Ги потсетуваме патниците да ја следат нашата веб-страница http://skp.airports.com.mk/, каде што сите промени во распоредот на летови се ажурираат во реално време. Доколку имаат дополнителни прашања поврзани со летовите, во секое време можат да се јават на Информации, на следниот телефонски број: 00 389 2 3148 333., информираат од ТАВ Македонија
Инаку покрај вкупно осумте откажани летови до и од скопскиот аееодром, како последица на густата магла, синоќа беше пренасочен и летот од Братислава. Патниците наместо во Скопје слетаа во Софија. Останатите летови се реализираа, но со доцнење од 30 минути до дури два часа.
Мирјана Јовеска
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Кумановка измамена за 6.000 денари за набавка на огревни дрва
-
Во центарот на Куманово откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Приложил патна исправа на негов другар, Албанец уапсен на Табановце
-
Краделе велосипеди во Аеродром, приведени двајца крадци од Србија
-
Бајден за Трамп: Се натпреварувам против „шестгодишно дете“
-
Избоден млад кавадарчанец
-
Оштетиле повеќе предмети и украле пари, уапсени двајца кавадарчани
-
СПМ: Срамни се обидите на СДСМ да ги убедат граѓаните дека грешеле во првиот круг