Бизнис
7. October 2024 - 16:31

Светска банка: Штетите од климатските промени можат да ја чинат земјава 4% од БДП

Инвестиции од над 6 милијарди долари  во следните 2 децении ќе и требаат на земјава за справување со климатските промени.  За да се заштитат граѓаните и економијата од екстремните суши и поплави – мора да се вложува во обновливи извори на енергија , во транспортната индустрија  и градежниот сектор, велат од Светска банка.  Штетите од климатските непогоди се огромни – последните 20 години  - скоро 670 милиони долари.. Предизвиците растат  и според проценките можат да достигнат  најмалку 4% од БДП

Соглсно барањата на Унијата до 2050 та година треба да се постигне и нулта емисија и на штетни гасови, однсосно декарбонизација. Јагленот треба да се исфрли од употреба, 90% од автомобилите мора да бидат електрични. Иако закон кај нас кој предвидува сите јавни набавки да бидат зелени има, во пракса не се спроведува

До 2050 та година  се очекува 90% од патничките возила да бидат електрични, изјави Николас Маркиер, регионален менаџер на ИФЦ за западен Балкан

Имаме одлука дека Владата да купува електрични возила уште од 2019 та година и  од тогаш наваму не е купено ниту едно, туку повторно купија дизел возила за министрите и едно купено е од  лотарија да го подарува, изјави Герман Филков, центар за граќански комуникации

Ако не се приолагодиме кон зелената транзиција, под  ризик се 66 илјади работни места. Ќе расте и бројката на смртни случаи поради загадениот возух,. До сега годишно умираат по 3,800 лица само од аерозагадувањето.