Ракомет
15. January 2022 - 17:07

Стоилов позитивен на Ковид-19

Македонската репрезентација на дуелот со Црна Гора нема да може да смета на искусниот Стојанче Стоилов.

На последното тестирање, нашиот кружен напаѓач добил позитивен тест. Поради тоа ќе замине во изолација и нема да се појави на теренот на денешната средба со Црногорците.

Еден од најдобрите играчи на Македонија нема да игра и против Данска, меч кој може да се покаже како клучен во борбата за следната рунда на шампионатот.

Избраниците на Кирил Лазаров загубија од Словенија во првото коло. Сега ќе мора да ја победат Црна Гора, ако сакаат да ги задржат шансите за втората фаза на ЕП 2022.