Македонија
6. јуни 2017 - 15:37

Му извадил пиштол - крвава пресметка меѓу пензионери во тетовско

Во текот на вчњерашниот ден околу 16 часот полициски службеници од СВР Тетово, на регионалниот пат Тетово-Јажинце, во населба Дреновец, забележале тепачка помеѓу две лица. Едното од нив во рацете имало пиштол и со истиот го удирало другото лице во пределот на главата. Во тој момент полициските службеници, кои биле во цивилна облека и не биле на работа, интервенирале и ги разделиле двете лица. Од едното лице бил одземен пиштолот, по што била известена и дежурната служба за да испрати екипа за преземање на лицата и пиштолот. По пристигнување на полициските службеници од бил утврден идентитетот на лицата. Се работи за 70-годишниот И.Л. од селото Порој од кого со Потврда за привремено одземени предмети, бил одземен пиштол и 66-годишниот А.И. од  Тетово, кој поради повредите со возило од брза помош бил префрлен во Клиничка болница Тетово. 

Лицата се лишени од слобода и по извршениот разговор истите се пуштени. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.