Ставрески: Програмата ја работиме за граѓаните и затоа е добро кога идеите извираат од нив
Задоволен сум од интересот на граѓаните и идеите што ги даваат за новата програма на ВМРО-ДПМНЕ. Ние програмата ја работиме за граѓаните и затоа е добро кога идеите извираат од граѓаните, истакна членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, вицепремиер и министер за финансии Зоран Ставрески на вечерашните отворени трибини со граѓаните во пелагониските општини Могила и Новаци.
Граѓаните знаат дека тоа што ќе влезе во програмата на ВМРО-ДПМНЕ како проект тоа и се реализира, што значи ветувањата се реализираат, нагласи Ставревски.
- Задоволен сум што има многу млади луѓе кои дадоа свои идеи и во Могила и во Новаци, а има идеи и од возрасните, пензионерите, земјоделците, наставниците...од сите граѓани коишто сметаат дека со понудените идеи може да решат прашањата за подобар живот на одредена категорија на граѓани. Ние сме широко отворени за сите граѓани, а потоа ќе направиме реално остварлива програма, конкретна сериозна програма што ќе го подобри животот на граѓаните во Република Македонија, рече Ставревски.
На вечерашната средба со новинарите во општина Новаци, министерот Ставревски се осврна и на капиталниот проект Топлификација за општина Битола со кој ќе бидат опфатени и општините Могила и Новаци.
- Проектот за топлификација на општина Битола, но и за снабдување со топлинска енергија за оранжерии за општините што гравитираат кон Битола, а тоа се Могила, Новаци и населеното место Логоварди е од повеќекратно значење. Со овој проект се обезбедува снабдување со топлинска енергија на начин што обезбедува еколошки почист енергенс и кој ќе овозможи заштеда во однос на досегашните начини на финансирање. Овој проект ќе овозможи Битола да биде втор град во државата што ќе добие топлинска енергија, и на тој начин сметам дека го решаваме проблемот со снабдување со топлинска енергија по цена според проекциите на ЕЛЕМ за 20 проценти пониска од онаа што е во Скопје, и очекувам дека тоа ќе наиде на интерес кај граѓаните, рече Ставрески.
Подоцна со проектот за гасификација кој во втората фаза ќе биде од Штип преку Прилеп кон Битола, додаде, очекувам исто така да донесеме уште една алтернатива за фирмите, стопанството но и за граѓаните во Битола да може да се приклучат кон чист енергенс каков што е гасот. Од сите аспекти ова е корисно и за граѓаните и за стопанството во Битола и поширокиот регион.
На вечерашната трибина во Новаци, освен министерот и член на Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ Зоран Ставрески учествуваа и други членови и функционери на владејачката партија.
Ново на Сител
-
Две години затвор за Сулејман Љамалари за нападот на Арсовска
-
Муцунски од Блед: Проширувањето не смее да биде заложник на билатерални прашања
-
Приведен 29 годишен кавадарчанец, управувал возило со 2.67 промили алкохол во крвта
-
Приведен 31-годишник од Куманово, предизвикал пожар на патничко возило „ланд ровер“
-
Приведен 25-годишник од Кавадарци, возел со 217 километри на час на место каде е дозволено 120
-
Продолжен притворот за родителот, кој физички нападна двајца малолетни фудбалери на штипскиот стадион Бело Брдо
-
Два турски Ф-16 прелетале меѓу грчките острови Родос и Кастелоризо
-
Поранешниот директоро на АНБ, Виктор Димовски, тврди дека Мицкоски не бил следен и прислушуван во негово време