Балкан
2. September 2025 - 11:36

Два турски Ф-16 прелетале меѓу грчките острови Родос и Кастелоризо

Два вооружени турски воени авиони Ф-16 вчера го прекршиле воздушниот простор ФИР Атина во југоисточниот дел на Егејското море, според медиумите во Грција, кои посочуваат дека ова е прво прекршување по пауза од 30 месеци, јави дописничката на МИА од Атина.

Воените Ф-16 кои биле и вооружени прелетале меѓу островите Родос и Кастелоризо без претходно да достават план на летање.

Во текот на вчерашниот ден биле регистрирани вкупно три прекршувања на ФИР Атина: двата Ф-16, еден авион од типот АТР-72 и еден хеликоптер.

Сите турски авиони, како што пишуваат грчките медиуми, биле идентификувани согласно меѓународните правила.

Последните прекршувања од турска страна биле регистрирани во февруари 2023 година.

 

МИА

Ново на Сител