Српски медиуми: Заев и се заблагодари на Србија за новата пратка на вакцини
Премиерот Зоран Заев и се заблагодари на Србија за новата пратка вакцини против коронавирусот, објавија повеќето српски медиуми.
Како што јави дописникот на МИА од Белград, Заев на Фејсбук во име на македонската Влада и граѓаните упати „искрена благодарност до народот на пријателска Србија, до претседателот Александар Вучиќ и до премиерката Ана Брнабиќ за овој гест на разбирање, солидарност и поддршка во борбата со пандемијата“.
– Нашата взаемна грижа и поддршка продолжува и понатаму како традиционално пријателски народи и добри соседи посветени на нашите заеднички светли перспективи за кои имаме многу блиски допирни точки, напиша Заев.
Тој на својот Фејсбук профил потсетува дека во земјава од Србија денеска пристигна вториот дел од пратката вакцини против коронавирус со 3.510 дози, односно дека досега од Србија пристигнале вкупно 8.190 дози на „Фајзер-Бионтек“.
– Заедно со претходните 4.680 дози, имаме доволно за имунизација на здравствените работници, нашите херои на првата линија во борбата со ковид-19, наведе Заев во објавата.
Ново на Сител
-
Кумановка измамена за 6.000 денари за набавка на огревни дрва
-
Во центарот на Куманово откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Приложил патна исправа на негов другар, Албанец уапсен на Табановце
-
Краделе велосипеди во Аеродром, приведени двајца крадци од Србија
-
Бајден за Трамп: Се натпреварувам против „шестгодишно дете“
-
Избоден млад кавадарчанец
-
Оштетиле повеќе предмети и украле пари, уапсени двајца кавадарчани
-
СПМ: Срамни се обидите на СДСМ да ги убедат граѓаните дека грешеле во првиот круг