Живот
13. July 2024 - 16:47

Со настап на филхармонија и виолинистот и диригент Џулијан Рахлин започна Охридско лето

Со одличен настап на светски познатиот виолинист, Џулијан Рахлин од Литванија  и Македонската филхармонија започна 64 тото издание на  манифестацијата  „Охридско лето“.

Претседателката Гордана Сиљановска -Давкова  прогласувајќи го за отворен фестивалот , рече дека градот Охрид, покрај тоа што е природен споменик, пред повеќе од шеесет години, токму со раѓањето на фестивалот доби и културен споменик.

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, истакна дека градот Охрид и Фестивалот „Охридско лето“ беа и остануваат епицентар на македонската култура во кој со децении се испреплетуваат илјадници културни збиднувања.

На 64. издание на „Охридско лето“,од 12 јули до 20 август на отворените сцени ќе бидат пречекани над 500 уметници од 24 земји