Живот
13. July 2024 - 16:48

Музејскиот комплекс - музеј на вода запуштен

Целиот мизејски комплекс -Музеј на вода кај Градиште изгледа запуштено и неодржувано што делува многу недолично во очите на посетителите истакна министерот за култура и туризам Љутков.Тој најави низа активности веднаш а за почеток доекипирање и подобри услови за работа на вработените.

Музејот на вода е еден од најпосетените локалитети во Охрид а  на републично ниво е на второ место по приходи па поради тоа потребно е да се  инвестира вели директорот на Завод и музеј Патчев.

За следната година министерот Љутков најави дека интензивно ќе се работи на санација на платформата на наколната населба и на кровните покривки од колибите што ќе овозможат овој уникат музеј да си го врати стариот сјај.