Со експертска поддршка ќе се преиспитуваат блок дотациите за финансирање на општините
Заменик-министерот за локална самоуправа Дејан Павлески заедно со тимот од домашни и странски експерти денеска во општина Битола остварија средба со градоначалничката Наташа Петровска.
На средбата, како што информира Министерството за локална самоуправа, се разговараше за потребата од ревидирање на методологијата за пресметување на блок дотациите со кои се финансираат училиштата, градинките, установите од областа на културата и противпожарната заштита во општините.
За експертите, како што се наведува во соопштението, беше особено важно да се чуе искуството на градоначалниците и на општинската администрација во управувањето со јавните финансии во смисла кои елементи од системот на локално финансирање се најмалку стабилни и предвидливи и дали сегашниот систем на блок дотации и начинот на нивно пресметување ги задоволува потребите или пак пројавува недоволност.
Заменик-министерот Павлески и експертскиот тим одржале работен состанок и со раководителот на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион Гого Видимче, а претпладнето реализирале работен состанок и во општина Гостивар. Вакви состаноци ќе бидат организирани и во општините Чаир, Илинден, Кавадарци, Росоман, Демир Капија, Арачиново, Куманово и во Град Скопје.
Министерството за локална самоуправа информира дека преку директна комуникација со локалните власти и локалната администрација, фокус групи и прашалници до релевантните целни групи ќе биде подготвена Анализа на функционалноста на постојната методологија за пресметување на блок дотациите.
- Од страна на експертскиот тим ќе биде подготвена и Компаративна анализа од Велика Британија, Данска, Словенија, Полска и Шведска со цел да се предложат три модели поради подобро финансирање и поголема функционалност на општините и подобри локални јавни услуги во областите кои преку блок дотации се финансираат со средства од централниот буџет, се вели во соопштението од Министерството за локална самоуправа.
Ново на Сител
-
66-годишник во инвалидска количка повреден од автобус на улица во Струга
-
60-годишник со возило „Форд“ излетал надвор од патот, возачот починал на местото на настанот
-
Приведен 36-годишник од Крива Паланка, управувал возило со 1,58 промили алкохол во крвта
-
Двајца загинати и 31 повреден во судар на автобус и автомобил на автопат во Хрватска
-
Британската полиција уапси осум мажи осомничени за терористички активности
-
Мицкоски најави нова милионска инвестиција со повеќе од 200 вработени
-
Сиљановска Давкова: Делчев беше и ќе биде дел од нас, од нашата историја, сегашност и иднина
-
Мицкоски очекува уште поголема наплата на приходите: Во минатото голем дел од тие средства завршувале во нечии џебови, а денес во проекти за граѓаните