Македонија
26. March 2023 - 16:38

Синдикатот на МНР и опозицијата тврдат дека состојбата со македонската дипломатија е катастрофална

Состојбите во МНР се катастрофални, а Османи ја злоупотребува  институцијата  за лична и партиска  промоција, обвини пратеникот на опозицијата Милошоски на денешната панел дискусија посветена на сотојбите во дипломатија.  Наместо да ја промовира Македонија, шефот на дипиломатијата се рекламира дома, но пред се во општина Чаир каде има задача да ги смирува раскараните фракции, порача Милошоски.

Скандали во кадровската политика,  пропагање на економската дипломатија, нетранспарентноста , прекумерно трошење на финансии, ни и погрешни стратегии,  ова се само дел од критиките на адресата на министерот Османи, кои беа посочени во дискусијата.

Во МНР со контра обвинувања дека системските слабости во Министерството се резултат на партизираното владеење  во времето на ВМРО-ДПМНЕ, што сега веке не е случај.

Изминативе години, во работењето на институцијата за прв пат не е важно партиското убедување на дипломатите кои со децении политичките партии ги делеле на наши и ваши. Покрај тоа, во овој минат период под секое ниво биле сведени стручноста и непристраната работа на дипломатите и амбасадорите. Во тој период, за први луѓе по амбасадите биле праќани слаткари и слично – со кои тешко може да се изгради непристрасна и објективна професионална работа на дипломатите, се вели со соопштението на МНР.