Шпанската полиција го уби Јунес Абујакуб, осомничен за минатонеделниот напад во Барселона
Шпанската полиција денеска убила маж кој бил опремен со појас со експлозив, а неименуван извор бизок до истрагата наведе дека, веројатно станува збор Јунес Абујакуб, кој е осомничен за извршување на минатонеделниот напад во Барселона.
- Го гаѓаа и го усмртија осомничениот, кој можеби е извршителот на нападот, објасни изворот.
Каталонската полиција потврди дека денеска во Субиратс е убиен маж кој носел на себе нешто што личело на појас со експлозив.
На местото, каде е застрелан мажот во Субиратс, е повикана екипа за деактивирање на експлозиви.
Претходно денеска, шпанските медиуми јавија дека во Шпанија се случил нов инцидент - во градот Субиратс, што се наоѓа на 45 километри западно од Барселона, и дека полициската операција е во тек.
Американските медиуми, повикувајќи се на извори од шпанската полиција, јавија дека во инцидентот во Субиратс е повредено едно лице.
Претходно, шпанскиот весник „Вангардија“ наведе дека Јунес Абујакуб (22) е уапсен во градот Сант Садурни д’Аноиа.
Утрово, министерот за внатрешни работи на Шпанија Хаким Форм, на прашањето дали Абујакуб е возачот на комбето што влета меѓу луѓето на шеталиштето во Барселона, одговори дека „не укажува на тоа“.
Тој додаде дека во текот на ноќта каталонската полиција спровела повеќе рации во каталонскиот град Рипол, каде живат поголемиот дел од осомничените.
Во нападот што се случи во четвортокот на шеталиштетот „Ла Рамблас“ во Барселона и летувалиштето „Камбрилс“ се убиени 15 лица, а повредени се повеќе од 120 лица.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Подготвени сме да ја поддржуваме Украина, но мора да се грижиме и за нашата Армија
-
Албанската полиција на ГП „Блато“ заплени стока прошверцувана од Македонија
-
Таксист полово нападнал патничка - компанијата го отпуштила од работа
-
Пронајдена дрога кај затвореник во Идризово
-
Кривична за 33-годишник кој нападнал две деца
-
Нетанјаху повторно пред судот во Тел Авив за случаите на корупција, неговите министри бараат помилување
-
КАМ со македонска музика и локални производи прослави три децении јубилеј
-
Меџити: Го остваривме ветувањето кон жителите на Батинци, започна изградбата на оградата околу депонијата „Дрисла“