Македонија
15. December 2017 - 8:59

Се најавува поголема промена во владиниот состав

Испразнетите места кои требаше да се пополнат во Владата, вчерашното напуштање на министерската позиција на Самка Ибраимовски и разговорите меѓу премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев и лидерот на ДУИ Али Ахмети навестуваат поголема промена во владиниот состав. 

Пратеникот Артан Груби од ДУИ вчера потврди дека се завршени разговорите во врска со владиниот состав, а на собраниска седница денеска треба да бидат констатирани оставките на пратениците Васко Ковачевски и Стево Пендаровски.

Ковачевски вчера изјави дека ќе биде прв човек на комбинатот РЕК Битола, додека Пендаровски е избран за Национален координатор на НАТО. На нивните пратенички места ќе бидат Самка Ибраимовски и Далибор Богдановски. 

Според Ибраимовски, на неговото место ќе биде назначен Ром интелектуалец, адвокат со големо искуство.

Во изјава за медиумите Ковачевски потврди дека можно е да има поголеми кадровски промени во власта, но смета дека треба да се огласи премиерот Зоран Заев. 
 
- Од она што јас го имам како информација е дека првиот нареден пратеник од листата е господинт Самка Ибраимовски. Тој ќе ја напушти функцијата министер во Владата на Република Македонија. За сите останати кадровски промени очекуваме во текот на деновиве да се огласи премиерот Заев, рече Ковачевски.
 
Според информациите на МИА, ќе бидат направени и други промени во владиниот состав освен пополнувањето на испразнетите места. Во Владата најверојатно повеќе нема да учествува Алијансата за Албанците, а министерското место за здравство ќе го земе СДСМ. 

Изборот на новите членови на Владата би требало да се случи следната недела.

Ново на Сител