Македонија
26. May 2022 - 8:53

СДСМ: Пратениците да го поддржат ребалансот на Буџетот, за поголеми плати и пензии

Владата предводена од СДСМ го утврди ребалансот на Буџетот за 2022 година.

Овој ребаланс е исклучително важен со оглед на тоа што со него за време на најголема светска економска и енергетска криза се прават сериозни кратења во делот на расходите, а средствата се пренаменуваат за мерки и помош на граѓаните и компаниите.

Заштедата од 200 милиони евра ќе се искористи за засилена заштита на животниот стандард на граѓаните, особено на ранливите категории, за финансиска поддршка на ликвидноста на компаниите, но и за повеќе средства кон земјоделците со цел зголемено производство на храна.

Преку брзи и ефикасни мерки се справуваме со последиците од светската економска криза, покажавме дека и во време на најголемата криза платите и пензиите можат да растат, трошоците да се намалуваат, а стандардот на граѓаните да биде заштитен.

Сите пратеници од сите пратенички групи да се вклучат конструктивно во носење на овој ребаланс затоа што е особено важно помошта кај граѓаните да биде постојана и навремена.

Наместо со блокади и кочења, опозицијата да придонесе со аргументирана дебата и конструктивност во носењето на ребалансот.

СДСМ останува посветена на реализација на мерки и политики кои се во интерес на граѓаните и државата.

 

Центар за комуникации со јавноста