Самит САД-Русија посветен на иднината на Украина и Алјаска
Американската созјузна држава Алјаска е местото каде што светот денеска го насочува погледот. Самитот помеѓу првите луѓе на САД и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин посветен на завршување на војната во Украина ја претвори Алјаска позната по својата природа и мирен живот во центар на глобалната политика.
Лидерите прво ќе имаат тет-а-тет состанок со преведувачи, па во разговорите ќе се вклучат и по пет члена од секоја делегација. Ако средбата со Путин биде успешна Трамп планира трилатерален самит во кој би бил вклучен и Зеленски.
- Мислам дека ќе биде добар состанок, но поважниот состанок ќе биде вториот состанок што ќе го имаме. Ќе имаме состанок со претседателот Путин, претседателот Зеленски, јас, и можеби ќе донесеме некои од европските лидери, можеби не. Не знам дали ќе биде многу важно. Ќе видиме што ќе се случи. И мислам дека претседателот Путин ќе направи мир. Мислам дека претседателот Зеленски ќе направи мир. Ќе видиме дали можат да се согласат. И ако можат, тоа ќе биде одлично, изјави Трамп.
Никогаш не планираме ништо однапред истакна шефот на руската димполатија Лавров кој е меѓу функционерите кои го придружуваат Путин на самитот.
- Никогаш не предвидуваме однапред. Знаеме дека имаме аргументи и имаме јасна позиција. Ќе ја објасниме. Многу е веќе направено за време на посетите на (специјалниот пратеник на претседателот на САД) Стивен Виткоф. Претседателот (Владимир Путин од Русија) зборуваше за ова. Виткоф зборуваше во име на претседателот Трамп. Се надевам дека ќе го продолжиме овој многу корисен разговор, изјави Сергеј Лавров, министер за надворешни работи на Русија.
Лаврор на Алјаска пристигна со блузон со натпис „СССР“ - кратенката за поранешниот Советски Сојуз. Западните медиуми шпекулираат дали изборот на облека имал за цел да ги провоцира американските домаќини на нивна територија или да испрати јасен сигнал до другите поранешни советски републики. Шефот на украинската држава предупреди дека одлуки донесени во негово отсуство ќе бидат бесмислени. Во повеќе градови низ Алјаска се одржуваат протести во знак на солидарнст со Украина.
„Значи, има двајца во една соба, на кои ниту еден од нив не може да се верува или не може да се верува еден на друг. Тоа е пародија“.
„Ова е за Украина. Не е за Америка. Всушност, не е за Русија, освен што Русија ја нападна Украина и тие треба да си заминат. Нема за што да се преговара. Мислам, што треба да направи (украинскиот претседател Володимир) Зеленски за возврат? Тој само сака да ги потврди своите граници. А фактот дека тој не е тука е само колонијализам, знаете, одново.“
- Мислам дека тој (украинскиот претседател Володимир Зеленски) треба да биде тука, треба да биде таму на масата. Сметам дека е ужасно како се однесуваше со него нашиот претседател кога последен пат разговараа. Но, мислам дека треба да биде тука. Тоа е сè за… станува збор за неговата земја.“
Соединетите држави ја купиле Алјаска од Русјиа во 1867 година. Самитот САД - Русија се одржува во американската база Елмендорф-Ричардсон во Енкориџ. До местото на средбата Трамп патуваше речиси 5,400 километри воздушна линија од Вашингтон. Од Кремњ тоа е лет од околу 7000 километри.
Во текот на своите 25 години на власт, Путин се сретнал со пет различни американски претседатели - Бил Клинтон, Џорџ В. Буш, Барак Обама, Доналд Трамп и Џо Бајден - вкупно 48 пати. Самитот во Алјаска ќе биде 49-та средба на Путин со американски претседател.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар